Кореа со два гола им донесе победа на “јорганџиите“!

51

Иако нешто потешко од очекувањата, сепак Атлетико Мадрид пред 56.000 гледачи на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид успеа со 2:1 да триумфира против Џирона.

Херој на „јорганџиите“ беше Кореа со два постигнати гола и тоа во 5.и 48.минута. Гостите не се предаваа, па така во 66.минута Рикелме погоди за 2:1.

Сега четата на Диего Симеоне по 8.коло собра 16 бодови и моментално се наоѓа на 4.место на табелата во Ла Лига.

ПретходноМедведев среде меч се повлече, Новак ќе игра финале во Астана! (ВИДЕО)
СледноЃорѓиоски: Брегалница и против Шкендија ќе игра офанзивно!