Утре од 14 часот во меч од 10.коло во ПМФЛ, Брегалница му гостува на тимот на Шкендија. Тим кој што откако го презеде Ќатип Османи игра се подобро и подобро.
Повеќе од јасно е дека штипските „сини“ ги чека пеколно гостување, посебно ако се знае составот на стратегот Илчо Ѓорѓиоски не е во посакуната форма.
Во пресрет на утрешното гостување, Ѓорѓиоски истакна:
„И против Шкендија ќе играме офанзивно. Едноставно не отстапуваме од нашата филозофија, а тоа е напаѓачки фудбал без разлика против кого играме. Така ќе биде и против Шкендија. За нас најголем проблем е реализацијата, не можеме да бидеме задоволни од тој сегмент на играта, се надевам дека ќе се поправи таа наша ефикасност“ рече стратегот на Брегалница.