Како што коментира и целокупната македонска јавност по одржаната ждрепка за квалификациите за Европското првенство во Германија во 2024 година, речиси идентична е и изјавата на нашиот селектор Благоја Милевски. Да биравме потешко немаше да одбереме. Во група сме со Англија, Италија, Украина и Малта. Се од ред квалитетни, силни репрезентации, една која е во подем и која нема никако намера да биде аутсајдер.
„Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе” – изјави селекторот на Македонија, Благоја Милевски.