Фаворизираната Рома многу потешко од очекувањата славеше над Лече во последниот вечерашен меч од Серија А. „Волчицата“ на домашен терен победи со 2:1 во меч во кој имаа и доста среќа за трите бода.
Мечот започна добро за домашните, кои веќе во шестата минута имаа предност од 1:0. Пелегрини асистираше, а Смолинг и донесе водство на Рома.
Сепак, шокот за Рома се случи во 39. минута од натпреварот. Умтити забележа асистенција, а Стрефеца го постигна израмнувачкиот гол.
Одлуката за победата падна во 48. минута, кога домашните добија пенал, а Дибала го претвори во водство и победа од 2:1.