„Катар Спорт Инвестментс“, компанијата која е сопственик на Пари Сен Жермен, купува малцински удел во португалска Брага. Катарците ќе се обидат да создадат нова фудбалска сила и да ја прекинат доминацијата на португалската „голема тројка“: ФК Порто, Бенфика и Спортинг.
Како што пренесува Beinsports, „Катар Спортс Инвестментс“ се стекна со точно 21,67 отсто од акциите на Брага, која минатата сезона заврши на 4. место во португалската Примеира. Склучувањето на договорот за купопродажба на акции го потврди и португалската комисија за пазар на хартии од вредност. Затворањето на трансакцијата ќе се случи во следните неколку месеци, по исполнување на неколку услови.