Со Јаневски се вратија и победите на АЕЛ

176

Нашиот поранешен селектор Чедомир Јаневски беше доведен да го „изгаси“ пожарот во тимот на АЕЛ Лимасол и искусниот стратег го стори токму тоа. По серијата лоши мечеви Јаневски ја презема клупата и веднаш ја оправда довербата. На два меча забележа две победи и ја стабилизира резултатски екипата.
Откако минатата недела го победи тимот на Ермис во купот на Кипар, сега во домашниот шампионат беше победен тимот на Ононија со минимални 1:0.

За АЕЛ цели деведесет минути одигра Давор Здравковски, кому очигледно Јаневски му верува во целост и смета на него во оваа негова најнова мисија.

АЕЛ по шест кола има пет бода и ќе мора напорно да работи за да се извлече од оваа ситуација.

 

ПретходноРасел најдобар во второто коло од АБА лигата
СледноРоманија не сака да игра против Косово, подготвена е да загуби службено?