Попладнево на теренот на ФФМ во Скопје, се одигра првата од двете пријателски средби меѓу Македонија и Србија, селекции до 15 години. Мечот заврши без победник, 2:2. Гостите од Србија поведоа со 0:1, за да Македонија со двата гола на Стефан Бранковски успеавме да го свртиме резултатот во наша корист, но сепак на крајот не успеавме да победиме.
За Македонија на овој меч настапија: Трајковски, Фејзуловски, Џангаровски, Жаку, Стоилов, Кесиќ, Марковски, Ангелевски, Бранковски, Грашевски, Митановски. Во игра влегоа и Рочи, Стаматовски, Жута, Запончек, Каранфиловски, Бујароски, Нехтенин.
Ова беше одлична контрола за селекторот на нашата У-15 репрезентација Раде Каранфиловски да види со каков потенцијал располага оваа генерација.
Вториот пријателски меч со Србите ќе се одигра в четврто, исто на ФФМ, со почеток од 11 часот.