Бабунски: Победа ќе игра уште подобро, убаво е тоа што имаме најверна публика, ама…

1570

Пред стартот на сезоната сите прогнози велеа дека ако нешто се знае, тогаш тоа е дека Победа експресно ќе се врати во Втората лига. Но еве, откако минаа 10 кола, откако Победа го победи Силекс на негов терен со 0:3, таа перцпеција во јавноста не е веќе таква.

Победа сега има 7 бодови, колку што има им една А. Пандев.

Сега Победа ја гледаат со други очи што се вели.

А за тоа најзаслужен секако е тренерот Бобан Бабунски кој во јуни седна на клупата на некогашниот двоен шампион, и тоа кога ситуацијата навистина беше тешка.

Искрено и сега е тешка. Има проблеми клубот со финансиите како и сите наши клубови, но овде навистина тоа е проблем. Сепак Победа е нешто свето за Прилеп. Тука луѓето и тоа како го сакаат фудбалот, ја сакаат Победа. Ние моментално ја имаме најголемата посета во ПМФЛ како домаќини, во просек имаме и по 4.000-5.000 публика што за наши услови е импресивно. Се надевам дека работите ќе се променат. Со нашите добри игри ќе се најдат спонзори кои ќе и помогнат на Победа за да стане навистина силен прволигаш“ вели Бабунски за „Спортмедиа“.

Инаку тој е познат како тренер кој бара од своите играчи да играат фудбал убав за око, да има игра.

Се трудиме колку што можеме. Напорно рабтиме. Претежно во тимот се деца од градот и околината, од младинската школа на Победа. Тие добиваат шанса и максимално ја користат. Сите тие се екстра талентирани момци. Овде сите ние правиме голема работа, секако со поддршка и од нашите фанови. Се надевам дека во зимскиот преоден рок ќе се засилиме и ќе можеме слободно да се впуштиме во битката за опстанок. Победа допрва ќе игра уште подобро, а Прилеп заслужува стабилен прволигаш“ заклучи Бабунски.

ПретходноУЕФА ќе исфрли една земја од квалификациите за ЕВРО 2024!?
СледноАл-Келаифи до Мбапе: Можеш да си одиш, ама за 400 милиони евра и “НЕ“ во Реал!