Од минута во минута доаѓаат денеска информациите од Париз. Од тоа дека демек Мбапе има намера да бара да си оди од ПСЖ, до најновата, а таа е дека Насер Ал – Келаифи, првиот човек на “светците“ му напоменал на Мбапе дека може да си оди, но под два услова.
Првиот е дека отштетата е 400 милиони евра, а вториот е дека не смее во Реал Мадрид.
Навистина станува супер интересно во врска со статусот на мега – ѕвездата во ПСЖ.
Исто така од Англија доаѓа веста дека Ливерпул би го понудил Салах како би дошол до Мбапе, но на крајот излегува дека тие 400 милиони евра не може никој, ама баш никој да ги плати за да дојде до Мбапе.
Освен еден клуб, клуб кој игра во Премиерлигата, клуб за кој настапува Халанд.
Можеме само да претпоставиме каков напад би бил тоа ако ги имаш во него и Халан и Мбапе.
Или само сонуваме…