„Corriere dello Sport“: Бесниот Мурињо имаше испад во соблекувалната!

239

„Уште еден испад. Неспоредлив со испадот по натпреварот што го имаше во Бодо или Милан, но значаен и остар. Мурињо е бесен поради тоа како игра неговиот тим“, пишува „Кориере дело Спорт“ и додава дека португалскиот стручњак не е задоволен.

Во моментов Рома е шестата екипа во италијанскиот шампионат со четири бода помалку од лидерот Наполи. Во Лига Европа има сооднос од една победа и два порази, односно на третото место во групата во која се уште Бетис, Лудогорец и ХЈК. Испадот за кој пишува италијанскиот извор се случил по поразот од Бетис.

„За мене е неприфатливо да губам вака. Низ кариерата ретко сум губел дома и немам намера да почнам сега. Можеби не ви е важно, но мене ми е“, е дел од говорот на Мурињо. на своите играчи по 1:2.

Се зборува и дека тој ја пофалил вредноста на Бетис и се надевал дека ќе предизвика реакција кај своите играчи. Наместо тоа, во следниот натпревар тешко славеше против Лече, кој од 22. минута играше со играч помалку.

„Можеби го заборавив италијанскиот јазик низ годините, не можам да си го објаснам тоа бидејќи играме спротивно од она за што се договоривме“, изјави по тој меч.

ПретходноКошарката продолжува по старо: Второто коло – развлечено во седум дена!
СледноДерби мечевите според планираното на Чаир и Прилеп