ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Дембеле за водство на Барса, Ливерпул прими гол, па израмни во Шкотска (ВИДЕО)

76

Во извонредно возбудливото прво полувреме на натпреварите од 4. коло во Лигата на шампионите, вечерва нема меч на кој не се затресе мрежата. На мечот кој е во фокусот на фудбалската јавност, Барселона успеа да поведе против Интер со голот на Дембеле и да замине на пауза со минимална предност од 1:0.

 

Ливерпул има само 1:1 кај Ренџерс. Домаќините први погодија преку Арфилд за 1:0, а Ливерпул се врати со голот на Фирмино за 1:1.

 

Тотенхем со пресврт води на полувреме против Ајнтрахт (Ф) со 3:1. Германците изненадувачки поведоа во 14. минута преку Камада, но лондончани до 28. минута веќе имаа предност од 3:1 со двата гола на Сон и еден на Хари Кејн од пенал.

Баерн (М) и денеска доминира против Викторија Плзен и има предност од 4:0 на пауза. Гостите водат и во Леверкузен и во Лисабон. Порто има 1:0 против Баер (Л), додека Олимпик (М) на полувреме води со 2:0 кај Спортинг (Л).

ПретходноКизиќ: За нас допрва следуваат вистинските предизвици
СледноВидовме „нова“ Македонија – гладна“ за голови и докажување (ФОТОГАЛЕРИЈА)