Внукот на Шумахер имаше страшна несреќа, скрши лумбален пршлен (ВИДЕО)

371

Внукот на легендарниот Ф1 возач, Михаел Шумахер, Дејвид, кој инаку е син на исто така некогашниот пилот во Ф1, Ралф Шумахер, доживеа сериозна несреќа на трка од ДТМ серијата.

Инцидентот се случил за време на трка на патеката во Хокенхајм. Дејвид Шумахер изгубил контрола над возилото и удрил во шиканата. На почетокот изгледало дека 20-годишниот возач бил неповреден, но потоа се пожалил на болки во грбот. Откако бил пренесен во болницата, се покажало дека има скршеница на лумбален пршлен.

„Магнетната резонанца покажа дека има скршен лумбален пршлен. Тоа значи дека ќе мора да отсуствува од натпревари најмалку шест недели“, откри неговиот татко Ралф Шумахер.

Во несреќата настрада и уште еден возач, Денис Пренинг, кој директно го обвини внукот на Михаел Шумахер за неодговорност и дека ја предизвикал несреќата.

ПретходноБарса на „Ел Класико“ ќе игра со дрес со ликот на був (ФОТО)
СледноПристигнаа со 22 автобуси, па останаа пред стадионот (ВИДЕО)