Себастијан Хененберг е ново засилување на Е.Пелистер. Станува збор за играч кој игра на позицијата лев и централен бек, доаѓа од тимот на Алборг. Има играно за Бјерингбро, Елверум од Норвешка и во Алборг е од 2020.
„Особено задоволство ни претставува што денес можеме да го претставиме првиот дански ракометар кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Нов член на нашиот клуб е Себастијан Хенеберг, кој потпиша договор до крајот на сезоната и веќе го започна тренажниот процес со новата екипа. 28-годишниот Хенеберг доаѓа во Битола од данскиот првак Алборг и игра на позициите лев и среден бек. Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите. Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг, од каде што доаѓа во Битола. Неговото деби се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата Б на Суперлигата“, соопштија од Пелистер.