Претстојниот Мундијал во Катар ќе биде последен за Лео Меси. Аналогно на тоа ова СП ќе биде последната шанса тој на Аргентина да иа ја донесе титулата светски првак, она што Марадона го направи во 1986 година.
На Меси му недостига само оваа титула за да стави печат на кариерата како еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер во историјата.
Сепак и тој е свесен дека и нему му треба помош од соиграчоте, а дел од нив како Дибала и Ди Марија се повредени и нивниот настап е неизвесен.
“Да, тоа е загрижувачки. Ваквите работи, ваквите повреди ви влеваат страв. Јас сум оптимист, се надевам дека ќе заздрават, има уште доволно време и двајцата да бидат целосно фит и како такви да играат за Аргентина на СП во Катар“ изјави Меси.
Според прогнозите Ди Марија би требало до почетокот на ноември да биде ОК, додека шансите на Дибала да игра во Катар се 50-50.