Мирчевски стрелец во убедливата победа на ТСЦ Бачка Топола

332

Македонскиот интернационалец, Мартин Мирчевски продолжи со добрите партии во дресот на ТСЦ Бачка Топола. Неговиот тим на домашен терен го совлада Вождовац со 3-0, додека Мирчевски беше стрелец на вториот гол, го постигна во 79. минута, шест минути откако влезе во игра. Ова беше петти гол за него оваа сезона.

ТСЦ Бачка Топола во првото полувреме поведе во 39. минута со голот на Илиќ, македонскиот фудбалер зголеми на 2-0, додека конечниот резултат го постави Џаковац.

За Бачка Топола ова беше деветта победа, со пет ремија и еден пораз остана на второто место во српската Супер-лига.

ПретходноПрва радост за битолчани: Пелистер му одржа лекција на Работнички!
СледноЛуис Назарио де Лима Роналдо: Тој ден почнаа да ме мразат сите мајки на овој свет!