Фоден потпиша договор на кариерата со Сити!

283

Фил Фоден потпиша нов договор со Манчестер Сити, кој го врзува со англискиот шампион до 2027 година. 22-годишниот англиски напаѓач важи за еден од најдобрите млади играчи во светот. Во Сити игра од својата четиригодишна возраст и ги мина сите младински селекции на клубот со кој веќе има освоено 11 трофеи.

„Тешко е да се опише колку сум среќен што го потпишав договорот. Ова е остварување на сонот. Цел живот сум навивач на Сити, го сакам овој клуб. Неверојатно е што ќе бидам таму до 2027 година. Многу се подобрив во последните години, благодарение на тренерот Пеп Гвардиола и неговите помошници“, изјави Фоден за официјалната веб-страница на клубот.

За Сити дебитираше на 17 години. Две години подоцна, тој стана најмладиот стрелец во Лигата на шампионите во историјата на клубот. За Сити одигра 182 натпревари, постигна 52 и асистираше на 36 гола. Во 18 настапи за англиската репрезентација постигна два гола. Англиските медиуми пишуваат дека со новиот договор ќе заработува околу 230 илјади евра неделно.

ПретходноЛуис Назарио де Лима Роналдо: Тој ден почнаа да ме мразат сите мајки на овој свет!
СледноНацева: Не секоја држава има можност да биде домаќин на Европско натпреварување!