Кадетите ја победија Црна Гора во Бар!

155

Македонската кадетска репрезентација го доби првиот од двата пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора. Избраниците на Раде Стојановиќ во Бар славеа со 30-32.

Лидери во составот на Македонија беа, Андреј Стојановски со девет погодоци, додека зад него беше Александар Петковски со шест гола.

Вториот пријателски меч меѓу двете селекции на програмата е утре.

Инаку ова е прв собир на кадетите по освојувањето на ЕХФ Шампионатот во Летонија, преку кои Македонија обезбеди место на ЕХФ Еуро и следниот мундијал.

ПретходноХофенхајм го „торпедираше“ Шалке на негов терен! (ВИДЕО)
СледноСтоле и Рајо само до бод со Хетафе!