Партизан пропушти шанса да дојде до првата победа во Евролига. Во драматичен меч и по продолжение, Жељко Обрадовиќ и неговите момци беа поразени на гостувањето кај Басконија со 103-96.
Српскиот тим во голем дел од регуларниот дел на натпреварот имаше водство, во последните пет секунди имаше плус три, но Маркус Хауард со тројка се избори за продолжение (89-89). А таму по 5-0 на стартот, Партизан застана, истиот кошаркар на Басконија го поведе својот тим кон победата.
Marcus Howard sends the game to OVERTIME with the triple!
What a moment 😱😱#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/oPrYWiHqwJ
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) October 14, 2022
Пунтер со 26 поени беше прв стрелец, на другата страна Хауард со 28 поени беше најдобар, постигна осум тројки.
Резултати: Фенербахче – Макаби 86-71, Олимпијакос – Жалгирис 90-80, Басконија – Партизан 103-96 (прод.), Милано – Алба 74-80, Валенсија – Лион 76-77.