Како да не може некој натпревар од Премиерлигата да мине без возбудувања. Вечерва Брентфорд на свој терен го победи Брајтонсо 2:0, и тоа со двата гола на Тони во 27. и 64.минута, но сепак најнинтересно беше кога се “спукаа“ двајцата тренери или менаџери и тоа во финишот на првиот дел.
Домашниот тренер Франк не му дозволи на еден гостински играч да изведе брз аут, на тоа реагираше гостинскиот тренер Де Зерби и дојде до мешаница,во која учествуваа неколку фудбалери од двете страни. За среќа целата ситуација не се изроди во потежок инцидент. И двајцата заработија по жолт картон, по што ситуацијата брзо се смири.
#PL #Brentford #Brighton #BREBRA
MAIN ACCOUNT: @rKLDY
حسابي الاساسي: @rKLDY
⚡️📽️ : @rKLDY pic.twitter.com/8nBkySpJhG— KL/DY RECORDING (@CR7KLDY) October 14, 2022