Трета шанса за победа, МЗТ не се предава: Во Подгорица дефинитивно не доаѓаме со бело знаме!

116

МЗТ Скопје продолжува со пеколното темпо оваа сезона. По двата порази во низа во АБА-лига од Црвена Звезда и Партизан, денеска (19 часот) му гостува на тимот на Будуќност во Подгорица. Станува збор за уште еден силен противник, кој ќе се бори за горните позиции на табелата.

Иако играат на гостински терен, сепак кошаркарите на МЗТ Скопје немаат намера да се предадат.

„Се надевам дека ќе играме добро од натпревар во натпревар. Против нас имаме екипа која сигурно претендира на едно од првите четири места, која ја предводи одличен тренер. Ќе имаме противник кој игра агресивно и има добри дефанзивни принципи. Наше е да одговориме адекватно со нашата агресивност. Во Подгорица дефинитивно не патуваме со бело знаме“, изјави Александар Петровиќ, тренерот на актуелниот македонски првак. 

Бојан Величковски размислува слично како својот тренер, ветува борба до самиот крај.

„Пред нас е исклучително тешко натпреварување против екипа која е меѓу фаворитите за највисок пласман во АБА. Но, не треба да се откажуваме однапред. Ќе се бориме со сите сили до крајот на мечот и ќе се обидеме да се обидеме да го изненадиме противникот“. 

ПретходноМихаилов: Силекс во Штип ќе се надигрува со Брегалница!
СледноПочнуваат одбојкарите: Шампионат без скопските гиганти, Струмица ја брани титулата