Бразилската фудбалска легенда Роналдо призна дека две и пол години оди на терапија и истакна дека во денешно време многу поголемо внимание се обрнува на психолошкото здравје на фудбалерите околку во негово време.
„Сега одам на терапија која ја почнав пред две и пол години. Така да разбирам себе си многу подобро од порано, дури и за минати работи. Јас сум од генерација каде што те исфрлаат на терен и мораше да дадеш максимум без никакви навестувања за драма. Гледам наназад и можам да кажам ‘Да, бевме подложени на многу, многу висок ментален товар, и без никаква подготовка за тоа’.
Исто така затоа што тоа беше почеток на ерата на интернет и брзина со која се движеа информациите. Сепак, тогаш немаше никаква грижа за менталното здравје на играчите. А тие се многу подобро подготвени денес. Секојдневно им се укажува потребната лекарска помош и повеќе се проучуваат профилите на секој фудбалер, како реагира и како треба да го направи тоа.
Во мое време немаше такво нешто, за жал, бидејќи сите знаеме дека нашиот фудбалски живот може да ни предизвика голем стрес и може да биде многу одлучувачки до крајот на нашиот живот. Вистината е дека не ни знаевме дека постои ваков тип на проблеми. Ова беше целосно игнорирано од нашата генерација.
Јасно е дека многумина поминале низ тешки времиња, па дури и депресија поради недостатокот на интимност и слобода. Вистина е дека проблемите беа целосно очигледни, но решенијата ги немаше“, изјави Роналдо за Марка на настан поврзан со претстојниот документарен филм на DAZN „Феноменот“.