Десница како што никој нема: Бронзениот бомбардер се врати и покажа сила (ВИДЕО)

420

Деонте Вајлдер успеа на голема врата да се врати во рингот по поразот од Тајсон Фјури. За противник го имаше Роберт Хелениус кого го нокаутираше уште по првата рунда.

Овие двајца боксери тренирале многу пати заедно и добро се познаваат, па потегот на Хелениус да ризикува и да тргне во напад ги изненади многумина. Кога Хелениус почна да напаѓа, доби разурнувачки удар од Вајлдер, кој едноставно го патосираше.

Вајлдер е познат по тоа што го има еден од најсилните удари во светот на боксот, што овој пат најдобро го почувствува скандинавскиот боксер.

За него ова беше 43. победа во неговата кариера, 42 од нив звршиле со нокаут.

ПретходноВМФЛ: Вардар на мегдан со Беса, Гостивар по бодови со Тетекс, Езерско дерби во Охрид
СледноЛазаров со промени во составот за дуелот со Турција!