Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи измени во составор за дуелот со Турција. Очекувано, Дејан Манасков се враќа во „црвено-жолтиот“ дрес, откако на настапи на ЕП 2022, како и квалификациите за СП 2023 година, ниту пак на средбата против Луксембург. Пред поаѓањето беше јасно дека за мрежата на Македонија ќе бидат задолжени Митревски и Томовски, а додека шанса ќе чекаат Костадин Петров и Михајло Младеновиќ.
„Не чека потежок меч на гостински терен, против Турција. Со нив одигравме еден официјален натпревар, но ова е поразличен состав. Резултатот не треба да не залаже. Ќе одиграме квалитетен натпревар, треба да бидеме претпазливи, нова генерација, тежок терен“, рече Лазаров пред заминувањето во Ван.
Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра со почеток во 16 часот, победа за Лазаров и неговите избраници ќе значи чекор напред кон ЕУРО 2024 година.