Некогашниот играч на Борусија Дортмунд но и на Манчестер Јунајтед, Шинџи Кагава во моментов е дел од белгискиот лигаш Сент Труден. Некогаш еден од најквалитетните офанзивци во Европа, одамна не е во врвот на светсткиот фудбал, а тоа е и разбирливо со оглед на неговите 33. години во моментов.
Иако Кагава ветуваше многу по фантастичните игри во Дортмунд и трансферот на Олд Трафорд, сепак многумина сметаат дека не го исполни својот полн капацитет. Па така, по Бешикташ, Сарагоса и Паок тој стигна до Белгија каде што викендов против Шарлероа погоди директно од корнер и потсети на неговиот фантастичен фудбалски талент и квалитет кој несомнено го поседува.