Алегри: Направивме чекор во вистинската насока

78

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри ги пофали играчите по победата во градското дерби против Торино синоќа од 0:1 . Играчите на Јуве беа предмет на многу критики од почетокот на сезоната, но овој пат Алегри беше задоволен од она што го виде.

„Момците докажаа дека се тим. Дејствувавме организирано, почнувајќи од начинот на кој ја контролиравме играта и завршувајќи со многуте удари. Драго ми е што за прв пат во сезоната победивме на гостински терен. На три од претходните пет натпревари не постигнавме гол, но денеска покажавме карактер“, прокоментира Алегри па додаде.

„Имавме доста разочарувачки резултати, но понекогаш сесоздаваат околности на кои не можеме да влијаеме.Вечерва го направивме првиот чекор кон излез од непријатната ситуација. Не се сомневам дека ќе успееме ако продолжиме во истиот дух. Не бев загрижен бидејќи го видов односот на тимот. Создадовме многу шанси и можевме порано да поведеме. Се надевам дека наскоро ќе бидеме поефикасни“, –  изјави тренерот на Јуве.

 

ПретходноПолувреме: Шкупи напаѓа и се заканува, Струга ТЛ се брани, нема голови на супер – дербито!
СледноТотенхем го има најдобриот старт во Премиерлигата во последните 60 години!