Ришарлисон под знак прашалник за Мундијалот!?

139

Бразилскиот интернационалец во редовите на Тотенхем, Ришарлисон прерано го заврши синоќешниот дуел против Евертон вчера поради повреда. Истата е проблематична и ќе треба да биде третирана извесен период што значи дека неговиот настап на Мундијалот е сериозно доведен во прашање.

„Тешко ми е да кажам било што. Се е ова премногу блиску до мојот сон да заиграм на Мундијалот за Бразил. Веќе имав слична поведа додека играв за Евертон и не играв два месеци. Се надевам дека опоравувањето ќе биде брзо и што е можно побргу. Тешко ми е да зборувам во моментов но да се надеваме на најдобро. Морам да ги сочувам позитивните мисли ако сакам да одам во Катар“ – изјави Ришарлисон.

 

 

ПретходноДрејк чека победи на Арсенал и Барселона за четири милиони добивка
СледноГасперини: Првото место е голема чест за момците