Тотенхем го има најдобриот старт во Премиерлигата во последните 60 години!

124

Тотенхем предводен од Антонио Конте лета ли лета. Имено “спарси“ вчера славеа против Евертон и со тоа го имаат најдобриот старт во последните 60 години во Премиерлигата.

Спарси“ им дише во врат на Арсенал и Манчестер Сити и станува сериозен кандидат за титулата во сезоната 2022/23.

Досега Тотенхем во изминатите 10 кола собра 23 бодови и ваков старт немал точно 59 години.

Во сезоната 1963/64 тимот од Лондон по првите 10 кола успеа да освои 24 бодови, значи еден повеќе од сегашната сезона. Да потсетиме, тогаш „спарси“ завршија на 4. место на табелата, останува да се види каде ќе завршат оваа сезона.

ПретходноАлегри: Направивме чекор во вистинската насока
СледноШкупи од спорен пенал ја урна Струга ТЛ и се врати во игра за тронот!