Интер на рутински начин ја “реши“ Салернитана! (ВИДЕО)

73

Во меч од 10.коло во Серија А, Интер на „Џузепе Меаца“ со 2:0 успеа да ја победи Салернитана и со тоа да освои три важни бода за фаќање приклучок со водечките на табелата. Во не многу квалитетен дуел, “неро – аѕурите“ поведоа со голот на Лаутаро Мартинез уште во раната фаза од средбата, и тоа во 14.минута. Во 58.минута Барела убаво се снајде пред голот на гостите и успеа да ја затресе мрежата на тиморт од Салерно.

По она реми во ЛШ против Барса и по оваа победа, секако дека Симоне Инзаги, стратегот на Интер, може помирно да дише ако се знае дека беше под притисок и пред отказ.

ПретходноГасперини: Првото место е голема чест за момците
СледноПолувреме: Шкупи напаѓа и се заканува, Струга ТЛ се брани, нема голови на супер – дербито!