Екипата на Наполи ја запиша осмата победа во Серија А, петта по ред откако вечерва ја совлада Болоња со 3:2. Со тоа тимот од Неапол ја сочува предноста од два бода на чело на табелата во однос на второпласираната Аталанта.
Наполи имаше доста проблеми со ривалот од Емилија-Ромаља, затоа што прими гол во 41. минута (стрелец Зирке), но изедначи Жуан Жесус четири минути подоцна.
Во 49 минута Наполи поведе со 2:1 преку Лозано, но две минути подоцна Муса Бароу изедначи. Домашниот тим дојде до победата со голот на Осимен во 69 минута на асистенција на Кваратшкелија.
Елмас ги одигра последните 20 минути од мечот.