ПСЖ со гол на Нејмар славеше во големото дерби со Марсеј (видео)

101

Пари Сен Жермен го доби големото дерби на Франција откако го совлада Олимпик Марсеј со 1:0 на „Паркот на принцовите“. Единствениот гол го постигна Нејмар во финишот на првото полувреме. Победата за „светците“ можеше да биде поубедлива затоа што Лео Меси ја погоди гредата, Мбапе пропушти неколку добри шанси. Гостите од Марсеј најжестокиот притисок го направија на почетокот на второто полувреме. Самуел Жиго, кој влезе како резерва, доби црвен картон во 73 минута за прекршок врз Нејмар поради што Марсеј остана со фудбалер помалку да се бори против залетаниот ПСЖ.
Тимот на Кристоф Галтие останува на врвот на табелата со три бода повеќе од вториот Лориен и шест повеќе од Марсеј кој е четврти.

ПретходноToнали херој на Милан во Верона (видео)
СледноМбапе го прекина молкот: Не сум побарал такво нешто од клубот!