Чешмеџиев пристигнува на Чаир

1071

По Марко Ѓоргиевски уште еден млад и перспективен фудбалер пристигнува во Шкупи денеска.

Најавениот Константин Чешмеџиев дефинтиивно го засилува тимот од Чаир и следната сезона ќе го предводи дефанзивниот дел од Шкупи.

Чешмеџиев досега беше дел од тимот на Вележ Мостар но босанскиот тим му се заблагодари за услугите, и стоперот имаше слободни документи за да одлучи каде ќе замине.

Се реши за Шкупи, каде што со новиот тренер Гоце Седлоски ќе атакуваат на шампионската титула следната сезона.

Популарниот Чешма е дете на Работнички, а играше и за Академија Пандев, Шкендија. Имаше и плодна младинска репрезентативна кариера.

ПретходноМарко Ѓоргиевски нов играч на Шкупи
СледноЕриксен до соиграчите: Изгледате полошо од мене, можам сега да почнам да тренирам