Според многумина, најголемиот настан во светот на спортот, Светското првенство во фудбал започнува за помалку од еден месец во Катар.
Со цел се да помине без проблеми и да се спречи криминална активност, организаторот повикал помош од Американската федерална агенција (ФБИ) која ќе следи се што се случува на Светското првенство.
Агентите на ФБИ моментално минуваат низ специјална обука со луѓето од ФИФА за да бидат подготвени да спроведат активности поврзани со Светското првенство.
ФИФА и ФБИ соработуваат седум години по апсењето на поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер за финансиска измама.