Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Абу Даби каде ќе се соочи со Саудиска Арабија, една од селекциите кои се учесници на Светското првенство (СП) во Катар. На списокот се многу фудбалери од домашното првенство, а Благоја Милевски ќе го види нивниот капацитет и ќе процени дали на некого може да смета и во иднина.
„Ова е тест натпревар против квалитетна репрезентација, учесник на Светското првенство. Очекувам добар и квалитетен натпревар, мислам дека сите фудбалери се спремни да го дадат својот максимум и ќе му докажат на селекторот дека може да смета на нив на следните натпревари“, изјави напаѓачот на Шкендија.