Вака Кулушевски зборува МАКЕДОНСКИ! (ВИДЕО)

12088

Мистеријата е разрешена. Македонецот Дејан Кулушевски, кој е еден од најдобрите шведски фудбалери, член на Тотенхем, зборува добро или говори ако сакате, и тоа како добро македонски. Познато е дека Дејан е роден во Стокхолм, играше во неколку наврати за нашите млади селекции, но сепак се реши да игра за А-репрезентацијата на Шведска. Неговите потекнуваат од Охрид каде тој години наназад го минува дел од својот летен одмор.

Откако пред неколку месеци се дигна многу врева за тоа дека Дејан не сакал да говори македонски, еве доказ низ видеото подолу дека тој и тоа како сака да говори македонски, нормално на охридски дијалект.

По мечот меѓу Шведска и Словенија одигран минатиот месец во Стокхолм, новинарите го запрашаа дали знае да зборува српски. Тој веднаш им одговори дека не знае и дека може да говори само на шведски, англиски или македонски. Следуваше разговор со него околу тоа како тој го води мечот, а Дејан зборуваше на македонски, и немаше проблем, напротив.

Навистина еве најдобар доказ дека Кулушевски зборува македонски, јазикот од земјата од која потекнува тој, од земјата во која се родени неговите родители.

Слушнете…

Веројатно со ова нема веќе да има дилеми дали големата фудбалска ѕвезда сака или не, знае или не знае, да говори МАКЕДОНСКИ.

Претходно„Рисовите“ го одржаа првиот тренинг во Абу Даби (Фотогалерија)
СледноНејмар бил спремен да оди во Челзи