Дарвин Нуњез го собори рекордот за брзина во Премиер лигата

138

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњезне само што го постигна својот прв гол на „Енфилд“, кој му донесе победа на неговиот тим во натпреварот против Вест Хем , туку и го прослави својот добар настап со соборен рекорд. Уругваецот стана фудбалерот кој разви најголема брзина во историјата на Премиер лигата. При еден спринт против „Чеканите“, напаѓачот постигна брзина од точно 38 км/ч, со што го подобри претходното најдобро постигнато од Кајл Вокер во јуни 2020 година. Тогаш десниот бек на Манчестер Сити разви брзина од 37.802 км/ч.

Нуњез веќе постигна пет гола за Ливерпул сезонава во сите натпреварувања.

ПретходноПримера под знак прашалник викендов!?
СледноСкандал во Италија: Фудбалер – ДИВЈАК! (ВИДЕО)