Вардар ја демолира Струга и останува со максимален број на победи

119

Актуелниот ракометен шампион Вардар ја совлада Струга со 36:23 (20:11) и ја продолжи победничката серија во домашното првенство. Во отсуство на Стоилов и Атанасовски, пивотот Милан Лазаревски ја искористи шансата и постигна шест гола, а покрај него расположен беше и Давид Савревски кој реализираше 7 гола.

Уште по првото полувреме беше јасно кој ќе ги земе бодовите, а победата од +13 голови е доказ дека „црвено-црните“ се огромни фаворити за освојување на Групата А. Тие се лидери со максимални седум победи.

Кај гостите најефикасни беа Петар Бугариновиќ и Никола Цветановски со по 6 гола.

ПретходноОблак се враќа по повредата: Не се ни сеќавам дека бранев во Билбао
СледноРоналдо не освоил ниту еден бод во трката по „Златната топка 2022“