Денеска продолжуваат мечевите од седмото коло во Супер-лигата. Во центарот на вниманието е дуелот меѓу Пролет и Е.Пелистер, битка на прво и второпласираниот тим од групата Б. Фаворити се битолчани, за нив овој дуел ќе биде последен тест пред стартот на европскиот предизвик. Дуелот е закажан во 18:30 часот со директен пенос на МТВ.
Во истата група вториот битолски тим му гостува на Јуниот К.В, Тиквеш е домаќин на Голден Арт, Радовиш го пречекува Скопје.
Од групата А ќе се одигра една средба, ГРК Охрид ќе го пречека Вардар Неготивно. Охриѓани ќе бркаат нова победа со која ќе останат во трка за третото место и напад на втората позиција, на другата страна гостите немаат ниту еден триумф.
Колото ќе биде комплетирано утре со мечот меѓу Алкалоид и Бутел Скопје.