Супер потег на Македонецот во Ваљадолид: Димитриоски може и како голман!(ВИДЕО)

463

Димитар Димитриоски, нашиот ракометен интернационалец во шпанскиот Ваљадолид и тоа како покажа дека може и да биде одличен голман. Имено на гостувањето на неговиот тим кај Бенидорм тој во еден момент со супер потег, со пантерски скок успеа да го сочува голот на свјот тим. Неговиот тим беше во напад, но тој беше неуспешен, домашните изведоа контра и еден од ракометарите шутираше кон празниот гол на Ваљадолид, но Димитриоски со фантастична голманска одбрана успеа да го одбрани овој удар.

Навистина несекојдневно, но фантастично.

Сепак ова неше беше доволно Вањадолид да победи, Бенидорм го доби овој меч со 32:27, а Димитриоски забелжа три гола и една обрана.

 

ПретходноВреме е МЗТ Скопје да се разбуди, Петровиќ го знае „рецептот“ за прва радост во АБА-лига!
СледноРеал ќе му плати на Лион 1 милион евра поради „Златната топка“ на Бензема