Жозе Мурињо, актуелниот тренер на Рома, даде поддршка на Кристијан Ериксен, со кого соработуваше во Тотенхем. Тој кажа дека и Господ гледал фудбал тогаш кога Ериксен колабираше, и затоа остана жив.
-Неможам да престанам на тоа што се случи. Мислам дека е ден за прослава, за добра среќа. За среќа, фудбалот е оден во еден по организиран правец, протоколи, голем број на доктори и специјалисти. Исто така мислам дека во тој момент и Господ гледал фудбал и благодарение на сето тоа Ериксен денеска е со нас и со неговото семејство.
Ова е многу важно за фудбалот, но вислам дека во тој момент беа покажани добрите страни на истиот. Љубовта, солидарноста, семејството. Не беше само неговото семејство, туку фудбалското семејство. Фудбалот ги обединува луѓето. Се молев, плачев, како што верувам дека истото го правеле милиони ширум светот. Фудбалот може да ги обедини луѓето. На крајот можеме да славиме, затоа што Ериксен е жив. Не сум разговарал со него, но вестите се охрабрувачки и добри“, истакна Мурињо, пренесуваат останатите медиуми.