Баерн сигурен против Хофенхајм, Дортмунд го „разби“ Штутгарт (ВИДЕО)

52

Во новото 11. коло во Бундес лигата, тимот на Баерн Минхен немаше поголеми проблеми да стигн до нова победа. На гостувањето кај Хофенхајм триумфираше со 2:0 со головите на Мусиала и Чупо Мотинг, и на тој начин остана во трка со лидерот Унион Берлин за првото место.

Од друга страна тимот на Борусија Дортмунд со високи 5:0 на домашен терен го совлада Шутгарт. Билингем на два пати, Зиле, Рејна и Моукоко ја затресоа противничката мрежа.

Голеада и во Аугзбург каде домаќинот успеа да одигра 3:3 против Ред Бул Лајпциг. Домаќинот имаше водство од 3:1 до последните моменти преку головите на Бериша, Демировиќ и Варгас, а за гостите погоди Силва, за да во последните секунди од пораз спасуваат Нкуку и Новоа Рамос.

Резултати:

Аугзбург – Ред Бул Лајпциг 3:3

БАер Леверкузен – Волфсбург 2:2

Борусија Дортмунд – Штутгарт 5:0

Фрајбург – Вердер 2:0

Хофенхајм – Баерн 0:2

ПретходноГорицан ги расплака Мрме и Горица
СледноХаланд и Сити им се вратија на победите (ВИДЕО)