Греам Потер: Разочаран сум, но можеби ремито е фер

179

Менаџерот на Челзи, Греам Потер секако дена не може да биде задоволен од исходот на големото вчерашно дерби против Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ. Неговиот тим имаше водство до последните секунди од мечот, а тогаш Касемиро со одличен удар со глава и малку среќа изрмани и ги постави конечни 1:1 на овој дуел.

“Разочаран сум затоа што отидовме со 1-0 и се гледаше крајот. Но, со начинот на кој се одвиваше мечот, можеби ремито е фер резултат. Не сум убеден дека одигравме доволно добро за да победиме. Се разбира, дојдовме до точка во која ја имавме победата во наши раце, но севкупно играта не ни беше на највисоко ниво. По првите 30 минути ја подобривме нашата игра, но на крајот мораме да бидеме задоволни со она што го добивме “, рече Потер.

„Можевме да бидеме поприсебни за израмнување, но вистината е дека тоа беше одличен удар со глава. Топката едвај помина преку линијата. Тоа е првиот гол што го примивме по долго време, и не чинеше два бода. Среќен сум со работната етика на тимот, но јасно е дека има уште да се работи“, додаде тренерот.

ПретходноТен Хаг: Многу е важно да се бориме до крај
СледноСтарт на НБА лигата и веднаш тепачка (ВИДЕО)