Манчини по поразот од Македонија имал намера да си даде оставка!

93

Италија, еден од гигантите во светскиот фудбал, по вторпат едноподруго нема да биде учесник на СП. „Азурите“ не настапија во Русија 2018, нема да настапат и во Катар 2022 кое започнува на 20 ноември.

Во пресрет на Мундијалот, селекторот на Италија вчера во интервју за тамошните медиуми говореше на повеќе теми, а откри и една мала тајна.

А таа е дека по поразот од Македонија во Палермо во март оваа година, кога и дефинитивно Италија не се пласира на Мундијалот имал намера да си замине од местото селектор на репрезентацијата.

Да, тоа е неуспех, голем неуспех за Италија. И кога имате таков неуспех тогаш некој треба да ја преземе одговорноста. Искрено размислував да си поднесам оставка. Реално требаше и мораше да играме на СП во Катар, но ете, погрешивме и затоа сега ќе го гледаме Мундијалот преку ТВ екраните. Имавме големи шанси во квалификациската група, се пласиравме во плеј-офот без пораз. А тоа со Македонија што да кажам? Примивме еден гол од еден удар. Пласманот во завршната фаза во Лигата на Нации и тоа како добро ни дојде, сега следува најтешкиот месец за нас. А тоа е СП без Италија, треба да се издржи“ рече покрај другото Манчини.

ПретходноПиоли: Важно е да се постигнуваат многу голови
СледноТорино го шокираше Удинезе на негов терен, Нестор во игра само 10 минути! (ВИДЕО)