Торино го шокираше Удинезе на негов терен, Нестор во игра само 10 минути! (ВИДЕО)

52

Удинезе – Торино 1:2 е епилогот од првиот меч од денешната програма во Серија А. Секако дека ова е изненадување ако се знае дека тимот од Удине пред мечот беше голем фаворит за победа.

Торино во 14.минута преку Аина успеа да дојде во водство од 0:1, Делофеу во 26 минута израмни на радост на домашните фанови. Сепак Торино преку Пелегри во 69.минута одново во врати водството.

Ова е само втор пораз на Удинезе сезонава во Серија А.

Да кажеме дека во составот на Удине свој настап имаше и Македонецот Илија Несторовски, тој влезе во игра во 81.минута. Имаше шанса во 90+2. минута, но не успеа да даде гол.

ПретходноМанчини по поразот од Македонија имал намера да си даде оставка!
СледноМарко Одмерат победник на првата трка во Зелден