Барселона со 4:0 го совлада Атлетик Билбао во меч од 11 коло на Ла Лига. Блесок во дресот на каталонскиот тим имаше Осман Дембеле кој го отвори резултатот во 12. минута, а потоа асистираше за следните три гола.
Серхи Роберто во 18. минута зголеми на 2:0, а три минути подоцна Роберт Левандовски зголеми на 3:0. Во 34. минута Чави мораше да менува затоа што „Златното момче“ Гави се повреди.
Во 73 минута Феран Торес ги постави конечните 4:0.
Барселона е втора на табелата со скор од 9-1-1 и три бода помалку од лидерот Реал Мадрид. Атлетик Билбао е на шестото место со 18 бода.