ОФИЦИЈАЛНО: Емери е нов тренер на Астон Вила, ќе добива годишна плата од 7 милиони евра

277

Шпанскиот стратег Уна Емери се врати во Премиер лигата, а ќе го тренира тимот на Астон Вила. Вечерва и клубот потврди дека е постигнат договор со Емери кој претходно во Англија работеше во Арсенал. 50-годишниот тренер ќе го преземе кормилото на 1 ноември, а според специјалистот за трансфери Фабрицио Романо тој ќе добие 7 милиони евра годишна плата.

Исто така Астон Вила ќе плати отштета од 6 милиони евра на Виљареал за раскин на договорот на тренерот со шпанскиот клуб. Емери исто така работеше и во Севиља, ПСЖ, Валенсија, Спартак Москва.

Астон Вила по заминувањето на Стивен Џерард се наоѓа на 14 место во Премиер лигата со 12 поени од исто толку натпревари.

ПретходноХабиб: Махачев ќе го задави Волкановски
СледноПиоли: Динамо не губи дома, ќе ни биде многу тешко