Киеза се уште не е подготвен за кам – бек

117

Федерико Киеза и натаму е надвор од тимот на Јувентус. Тој е изоставен од тимот за гостувањето кај Бенфика во групната фаза од Лигата на шампионите.

И покрај враќањето на Киеза на тренинзите со тимот од Торино, 24-годишниот фудбалер се уште не е подготвен да настапи на натпреварите на Јувентус. Тој беше тешко повреден во јануари, а пред неколку недели продолжи со активен тренажен процес.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се уште не сака да ризикува со играњето на Федерико Киеза.

ПретходноКуп – 1/4 финале: Супер дуел Шкупи – Шкендија, “џекпотот“ за Силекс – му се падна Вардар!
СледноБујар Ислами си заминува од Арсими!