Роналдо е во конкуренција за настап на мечот со Шериф

52

Кристијано Роналдо денеска им се врати на тренинзите на првиот тим на Манчестер јунајтед, откако беше изоставен од тимот во пресрет на саботниот натпревар од Премиер лигата против Челзи.

Тренерот Ерик тен Хаг го казни Португалецот затоа што одби да влезе како замена против Тотенхем во средата, кога „црвените ѓаволи“ победија со 2:0. После неколку денови холандскиот стратег го врати Роналдо во првиот тим посочувајќи дека тој е важен играч за екипата.

Им се врати на тренинзите во пресрет на дуелот од Лига Европа против Шериф Тираспол во четврток.

ПретходноAрсенал е лидер во четири различни шампионати!
СледноМечот Бенфика-Јувентус од бизарна причина ќе се игра без гол-технологија