По вчерашниот пораз од Бенфика од 4-3, во редовите на Јувентус згаснаа сите надежи за пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони. „Старата дама“ не е сигурна ниту за продолжување во Европската лига, на коло пред крајот има ист број на бодови како Макаби.
Се чини дека по овие резултати некој треба да добие отказ во клубот, а цел на навивачите е тренерот Масимилијано Алегри. Сепак, челниците на Јувентус имаат поинаква претпоставка. Иако работата на тренерот Алегри треба да виси на конец со вакви лоши резултати, тој останува на клупата на „Старата дама“.
Како што пренесува Фабрицио Романо, и покрај неговото збогување од Лигата на шампионите, Алегри ќе продолжи да биде тренер на Јувентус. Андреа Ањели, претседателот на клубот од Торино, ќе продолжи да работи со него.
“Нема промена во ситуацијата на Масимилијано Алегри. Тој нема да добие отказ сега и нема да го напушти клубот и покрај поразот од Бенфика. Ањели ја потврди својата намера да продолжи да работи со Алегри”.
There are no changes on Massimiliano Allegri situation. He won’t be fired now and he’s not gonna leave the club as things stand, despite the defeat against Benfica. ⚪️⚫️ #Juventus
Agnelli confirmed his intention to continue with Allegri – current deal expires in June 2025. pic.twitter.com/SS6ogqLiNI
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 26, 2022
Алегри, инаку, има валиден договор со Јувентус до крајот на јуни 2025 година.