Михаилов: Добро се подготвивме за овој дуел, знаевме што сакаме и како да дојдеме до победа

242

Силекс едноставно игра квалитетно сезонава. Тоа е веќе дефинитивно. Не е случајно што Кратовци имаат 21. бод досега и што се на четири од самиот врв и лидерот Струга ТЛ.

Силекс денеска покажа што значи да се биде фаворит во домашниот шампионат, да се одигра за бодови, и истите да се освојат. Триумф од 0:1 над Работнички среде Скопје, и уште поголема сатисфакција за она што кратовци го прават сезонава.

„Честитки за играчите, ги исполнија задачите кои што ги договоривме. Одигравме цврт меч, токму онаков каков што и претпоставувавме дека ќе биде. Знаевме дека Работнички со оглед на позицијата која што ја има на табелата во моментов, а не ја заслужува истата затоа што има искусни и пред се квалитетни играчи ќе бара победа, знаевме како да се спротиваставиме на тоа. Ова е многу битна победа за нас, благорадност до домаќинот за одличниот пречек каков што секогаш и имало кога е Работнички во прашање“ – изјави за Спортмедиа, тренерот на Силекс, Горазд Михаилов по натпреварот.

 

 

ПретходноДоволен е “кошаркарот“ Обадовиќ за победа на кратовци против Работнички! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноБабунски: Одлична игра, голем триумф на Победа, секоја чест на момците!