Ах Мрме, Мрме… пак иста песна

839

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, никако да забележи поволен резултат со тимот на Горица во ХНЛ шампионатот.

Предмалку последопласираниот тим во Хрватска, загуби на гостувањето кај Хајдук со 3:1, и дополнително си ја искомплицира и онака очајната ситуација на табелата.

Иако Горица во еден момент имаше и 1:1 во игра, сепак, Марко Ливаја кој и го отвори резултатот, зголеми на 2:1, а конечните 3:1 ги постави Авазием.

По 14 одиграни кола, Горица е последна со 6 освоени бодови.

 

ПретходноРоналдо вратен во тимот и во комбинација за Шериф
СледноНиту „Д“ од дерби во „Кале“: МЗТ Скопје и натаму е класа за Работнички (ФОТО)